
Палентата повторно се враќа на голема врата – и тоа како главна хероина на еднодневните и кратките детокс-режими. Според нутриционистите, ова скромно јадење од пченкарно брашно е одличен избор за прочистување на организмот и намалување на телесната тежина, а четиридневната палента-диета веќе станува вистински тренд.
Палентата најчесто се приготвува од жолто пченкарно брашно, а може да се користи и бело – ефектот е ист. Нејзината моќ лежи во три клучни факти:
Богата е со растителни влакна.
Една шолја пченкарно брашно содржи околу 8,5 г влакна, што е околу 34% од дневната препорачана доза за жени.
Има многу малку калории.
Во 100 г варена палента има само околу 70 калории.
Дава долготраен чувство на ситост.
Влакната ја впиваат водата, се шират во желудникот и создаваат силно чувство на заситеност, што го намалува прејадувањето.
Диетата трае четири дена, потоа следат три дена нормална исхрана, а режимот може да се повторува секоја недела.
План на исхрана за четири дена
Понеделник
Појадок: 100 г палента + чаша нискомасен јогурт + 1 краставица
Ручек: 100 г палента + 50 г младо сирење + 1 домат
Вечера: 100 г палента + чаша кефир
Вторник
Појадок: 200 г палента + нискомасен јогурт + 1 краставица
Ручек: 200 г палента + младо сирење + 1 домат
Вечера: 100 г палента + кефир
Среда
Појадок: 200 г палента + нискомасен јогурт + 1 краставица
Ручек: 200 г палента + младо сирење + 1 домат
Вечера: 200 г палента + кефир
Четврток
Појадок: 200 г палента + нискомасен јогурт + 1 краставица
Ручек: 300 г палента + младо сирење + 1 домат
Вечера: 200 г палента + кефир
Совет за максимален ефект
За време на режимот мора да се внесува многу течност – вода, чаеви или лимонада. Бидејќи палентата е богата со влакна, водата е неопходна за да набабрат и правилно да се разградуваат. Така чувството на ситост трае подолго, а резултатите се подобри.

Македонски








