Skip to main content

Македонската кошаркарска репрезентација ги почна подготовките за мечот со Азербајџан

Македонската машка кошаркарска репрезентација синоќа во Скопје ги почна подготовките за претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029, посилна за искусниот Стојан Ѓуроски, кој се врати во националниот тим, откако поради повреда ги пропушти претходните мундијалски претквалификации.


„Чувството е одлично. Задоволство е и гордост да се претставува Македонија. Не настапив на последните мечеви заради повреда, и убаво е што пак сме заедно“. изјави повратникот во репрезентацијата Ѓуроски.
Противник на македонските кошаркари во воведниот натпревар е репрезентацијата на Азербејџан, а дуелот е закажан за в четврток во СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток во 19 часот.


„Мислам дека ни следи одлична атмосфера, да ги анализираме противниците и да се спремиме за следните два меча. Уште ги немаме гледано ривалите, но ние одиме на победа без разлика кој е на другата страна. Имаме три дена подготовки, но за сите е исто. Имаме неколку повратници во екипата, сме играле и со Вајли заедно, така што нема да имаме проблеми да се воиграме“, наведе Ѓуроски во изјава за сајтот на КФСМ.

Поврзани вести