Skip to main content

Грета Тунберг казнета и привремено протерана од Венеција откако истури зелена боја во Големиот канал

Принтскрин од видео од Икс

На шведската активистка Грета Тунберг ѝ е забранет влез во Венеција и е казнета со 150 евра откако таа и група активисти од организацијата „Extinction Rebellion“ истуриле зелена боја во Големиот канал.

Властите во Венеција воведоа 48-часовна забрана за нејзин влез, велејќи дека таа е „позаинтересирана за самопромоција отколку за заштита на животната средина“.

Инцидентот се случил за време на викендот, кога околу 35 активисти протестирале против уништувањето на животната средина.

Тие носеле транспарент на кој пишувало „Стоп на екоцидот“, истуриле зелена и црвена боја во Големиот канал и „марширале“ низ групи туристи со шамии, објавува Дејли меил.

Гувернерот на Венето, Лука Заја, ја осудил акцијата на активистите како „непочитување кон Венеција, нејзината историја и нејзината кршливост“.

Уште повеќе сум изненаден што ја гледам Грета Тунберг меѓу авторите на овој бескорисен протест, кој јасно има за цел – повеќе од подигање на свеста за животната средина, да си даде видливост“, рече тој.

Други активисти исто така беа казнети со истата казна.

Активистите на „Бунтот против истребувањето“ спроведоа слични акции во други италијански градови – Болоња, Џенова, Милано, Падова, Палермо, Парма, Трст, Торино и Таранто, наведувајќи дека нивната цел е да ја подигнат свеста за „масивните последици од климатскиот колапс“, а ја избраа Италија затоа што наводно е една од земјите што е најпосветена на спречување на усвојувањето на предлозите презентирани на самитот COP30.

Поврзани вести