Skip to main content

Мицкоски: Наредната година инфлацијата меѓу два и три проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека проекциите за наредната година се инфлацијата да се движи меѓу два и три проценти. На тоа ниво се очекувањата на Владата и за нивото на базичната инфлација.

Мицкоски одговарајќи на прашања на медиумите зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште четири поголеми трговски синџири поради картелско здружување што, како што беше истакнато од Комисијата, влијаело за договорено покачување на цените на производите.

Да оставиме Антимонополската комисија да си ја заврши својата работа. Мислам дека наскоро ќе има и разврска – рече премиерот Мицкоски, кој денеска присуствуваше на промоцијата на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, во организација на Министерството за локална самоуправа.

Поврзани вести