Skip to main content

Вардар подобар од Брера Струмица

Вардар ја победи АП Брера попладнево на гостувањето во Струмица во 14. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Головите ги постигнаа Михаил Талевски и Димитар Тодоровски, двата во второто полувреме.

Натпреварот се одигра во лоши услови, по тежок терен поради обилните дождови што ја зафатија земјава.

Првиот натпревар од ова коло се одигра вчера, Силекс  ја победи Македонија ЃП на гости со 2:1. 

Утре играат Тиквеш – Башкими и Арсими – Шкендија.

Средбата Шкупи – Пелистер е одложена поради потопен терен на стадионот во Струга. 

Во понеделник ќе се соочат Работнички и Струга ТЛ.

Лидер на табелата е Вардар со 36, Струга ТЛ има 32, Шкендија 30,

Поврзани вести