
На 22 ноември 2025 година (сабота), со почеток во 12:00 часот, во хотел „Холидеј Ин“ ќе се одржи настанот „Зелена мрежа на советници: Партнерства за зелена иднина“. Настанот има за цел да поттикне соработка меѓу локалните зелени советници и да отвори дијалог за клучните предизвици поврзани со загадувањето и здравјето.
Присутните ќе имаат можност да ги следат воведните излагања и дискусија на теми од јавен интерес:
Загадување на воздухот – Од каде да почнеме и како да го зголемиме притисокот?
Дискутант: Јане Димески, советник во Општина Центар од Независни заедно.
Здравјето и аерозагадувањето – Невидливиот ризик што го игнорираме
Дискутант: Антони Новотни, советник во Општина Центар од Демократска обнова на Македонија – ДОМ.
По воведниот дел ќе следи интерактивна дискусија со присутните посветена на локалните зелени политики, здравјето и квалитетот на воздухот.

Македонски








