
Македонскиот одбојкарски првак Струмица го заврши настапот во европските купови, откако и во реваншот од првото коло во ЦЕВ Купот загуби со 0:3 (17:25, 15:25, 19:25) од Чешке Будејовице вечерва пред својата публика во салата „Парк“ во Струмица.
Јован Милев и Кристијан Илијев реализираа по седум поени во редовите на Струмица, додека Филип Маџунков реализираше шест, а Владо Милев запиша пет поени зад своето име.
Одбојкарите на Струмица на првиот натпревар на гостински терен пред недела, исто така, загубија од чешкиот противник без освоен сет.
Сериозно подмладениот тим на Струмица европската сезона ја завршува со вкупно четири порази, два во квалификациите за Лигата на шампионите од Динамо Букурешт.

Македонски








