
По неверојатната брзина со која беа распродадени билетите за првиот концерт од најавената GOAT TOUR на Jala Brat и Buba Corelli пред распродажба е и вториот термин на најочекуваниот музички настан годинава. Интересот е огромен, а публиката веќе денови е на нозе во пресрет на шоуто за кое сите зборуваат.
Двата концерти на Jala Brat и Buba Corelli на 28 и 29 ноември во Скопје ќе бидат несомнено шоу на годината – аудиовизуелен спектакл за памeтење, со досега невидена мултимедијална продукција во нашиот град. Со врвна организација, моќен звук, спектакуларно осветлување и целосно нова концертна поставка со потписот на Скајмјузик продукција, овој настан ќе го претвори Скопје во епицентар на современата балканска урбана музика.
Со години доминантни на регионалната сцена, со безброј хитови и милионски прегледи Jala Brat и Buba Corelli токму од Скопје и СЦ „Јане Сандански“ ќе ја стартуваат својата голема GOAT TOUR, во рамки на која ќе настапат во повеќе од 10 европски метрополи. И токму Скопје е градот во кое е закажано двојно шоу, што досега не се случило кога станува збор за кој било од изведувачите од новата генерација.

Македонски









