
Со воведно обраќање на судијката Дијана Груевска Илиевска почна судењето за пожарот во Кочани.Точно осум месеци по трагедијата обвинетите седнаа во судницата во Идризово кое е под големо полициско обезбедување.
Покрај новинарските екипи присутни се и роднини на настраданите.

Груевска најави дека за време на судскиот процес ќе владее голема дисциплина и оти сите неиздржани барања за одложување ќе бидат проверувани и санкционирани.
Таа не сакаше да прогнозира колку ќе трае судењето, како што рече може пет месеци, а може и пет години.
Сите ќе имаат право да си ја кажат својата теорија за случајот“, вети Илевска.

Македонски









