Skip to main content

Дождот ги поплави улиците во Тетово, ЦУК апелира за внимателност

Центарот за управување со кризи издаде предупредувачко соопштение за зголемена внимателност особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, поради интензивните врнежи од дожд. Додаваат дека надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Од ЦУК посочуваат дека поради интензивните врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, што пак довело до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

„Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура“ велат од ЦУК.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека денеска ќе има повремени локални врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Локално се очекува невреме со засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на ретки грмежи.

Поврзани вести