Skip to main content

СДСМ не смее да го игнорира, ниту да го заборави поразот, вели Петровска

Многу причини доведоа до поразот на СДСМ на локалните избори, кој, за жал, е најголем во историјата на постоењето на СДСМ, вели пратеничката Славјанка Петровска во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Таа вели дека состојбата не смее да се игнорира, ниту да се остави на случајност и додава дека отсуството на дебата за претходните изборни резултати придонела за сегашниот пораз.

„Заради никакви причини не смееме ниту да го игнорираме, ниту пак да се обидеме времето да го заборави. Tоа ќе биде повторно најлошо нешто што може да му се случи на СДСМ…Кои се причините конкретно, веќе во партијата се започнати процеси на консултации или дискусии помеѓу разни групи, пратеничка група, градоначалници, кандидати и така натаму, раководство верувам, за да се искаже мислењето, ставот на секој еден од нас поединечно за тоа кои беа причините за овој пораз. Ако јас се прашувам и за да одговорам на вашето прашање, јас ќе кажам дека ни требаат неколку часа емисија за да ги наведам сите причини. Меѓутоа, вака во една реченица ќе кажам дека неодговарањето на прашањата за тоа зошто минатата година го доживеавме поразот, па ако сакате да се вратиме и наназад на изборите циклуси локалните во 2021 година, па и резултатот којшто иако беше поволен да кажам во 2020 година врз основа на кој формиравме влада тогаш, сепак не не беше по мене задоволителен, кажа Петровска.

Поврзани вести