Skip to main content

Украинската војска се пофали дека нападнале рафинерија во близина на Москва

ma-ti-on-unsplash
ma-ti-on-unsplash

Украинската армија на социјалните мрежи објави дека нападнала руска рафинерија во близина на Москва, во регионот Рјазан, „како дел од напорите да се намали способноста на непријателот да лансира ракети и бомби“.

Рускиот гувернер на Рјазањ, Павел Малков, изјави дека руската ПВО соборила 25 украински беспилотни летала над регионот во текот на претходната ноќ.

Предизвикан е пожар во просториите на компанијата, но нема повредени“, изјави рускиот гувернер на Телеграм, без да даде други детали.

Поврзани вести