
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски приреди прием за амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер и амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер.
На заедничката средба, разменети се искуствата од реализацијата на тековните проекти, коишто општина Битола ги реализира со поддршка од двете земји, како и можностите за продлабичување на взаемната соработка.
Градоначалникот Коњановски се заблагодарил на поддршката којашто општината во континуитет ја добива од овие држави.
На средбата присуствуваше и Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Франција во Битола.

Македонски








