
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата влада ги исполнува своите ветувања и „ја прави Унгарија повторно голема“.

Во објава на Фејсбук, Орбан изјави дека оваа измината недела била „јака“, истакнувајќи ја изградбата на американскиот заштитен штит, инвестициите од околу 187 милиони евра во Џангош и Чомор, завршеното зголемување на пензиите на средина од годината, одлуката за доделување 14-та месечна пензија, удвојувањето на надоместокот за хранителите и продолжувањето на замрзнувањето на каматните стапки на кредитите.
Орбан во објавата на Фејзбук додаде дека сето ова е „вистински огномет“, но дека не е изненадување, бидејќи, како што изјави, владата ги исполнува своите ветувања, објави МТИ.

Македонски








