Skip to main content

 Долги аплаузи и бис за „Консонанс“ во КИЦ Белград

Македонскиот КИЦ во Белград, синоќа беше домаќин и организатор на концерт на кој се претстави нашиот реномиран ансамбл „Консонанс“. 

Во полна сала исполнета до последно место и пред бројни гости од музичката фела на Белград, нашите врвни репродуктивни музички уметници Маја Чанаќевиќ на англиски рог, Јана Каевска на флејта, Здравко Ангелов на кларинет и Сашко Темелкоски на бас-кларинет, измамија долги аплаузи и бис. Посебно возбудливи беа интерпретациите и реакциите од публиката, на делата од македонските композитори Чедомирски, Цанев и Илиевски. На репертоарот на синоќешниот едночасовен концерт се најдоа и дела од Чајковски, Барток и Стравински.

Ансамблот „Консонанс“ во нашиот КИЦ во Белград го претстави директорот Васко Шутаров. Овој музички проект е дел од годишната програма на Центарот за 2025 година и истиот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести