
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска информира дека д-р Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, ќе го номинира за нов потпретседател на партијата. Трајановски моментално е член на ИО на СДСМ. Филипче оценува дека „Трајановски ќе биде значајно кадровско зајакнување за раководството на партијата“.
Лидерот на СДСМ ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека му понудил функција на некој поранешен градоначалник во раководството на партијата, а тој ја одбил. Вели дека нема таков човек што одбил таква понуда и дека не понудил ништо на никого. Обвинувањата ги препишува на „пресовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се занимаваат со кафеански муабети“.
-Тоа што излегува на социјалните мрежи, го демантирам. Нема никакво раслојување. Навистина има единство со сите луѓе и овие што ги спомнавте. Сите помагаат во процесот како што беше и претходно. Во тој манир ќе продолжиме и понатаму, рече Филипче запрашан за „прозивките“ меѓу екс-претседателот Стево Пендаровски и екс-министерот Љубомир Фрчкоски.

Македонски








