Skip to main content

Орбан: Распад на златната илузија на Украина, Унгарија нема да ја финансира воената мафијашка мрежа

Facebook / Orbán Viktor

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека „се распаѓа златната илузија на Украина“ и дека Унгарија нема да ја финансира „мрежата на воената мафија“, по случајот со корупција во енергетскиот сектор во Украина и оставката на министрите.

Разоткриена е воената мафијашка мрежа со безброј врски со претседателот (на Украина) Володимир Зеленски. Министерот за енергетика веќе поднесе оставка, а главниот осомничен избега од земјата. Ова е хаос во кој бриселската елита сака да инјектира пари на европските даночни обврзници, каде што сè што не е испукано на фронтот завршува во џебовите на воената мафија. Лудило“, напиша Орбан на мрежата X.

Тој истакна дека Унгарија не сака да има „никаква врска со тоа“.

Нема да ги испраќаме парите на унгарскиот народ во Украина. Тие можат да се користат многу подобро дома: токму оваа недела ги удвоивме надоместоците за згрижувачки семејства и ја одобривме 14-тата месечна пензија“, истакна Орбан.

Тој вели дека по случајот со корупција во Украина, Унгарија „сигурно нема да попушти пред финансиските барања и уцените на украинскиот претседател“.

Крајно време е Брисел конечно да разбере каде навистина одат нивните пари“, рече Орбан.

Зеленски вчера побара оставки од министерот за правда Герман Галушченко и министерката за енергетика Светлана Гринчук поради корупција во енергетскиот сектор.

Според него, тие министри не можат да останат на своите позиции, бидејќи прашањето на довербата е клучно.

Операцијата, спроведена од Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ), откри шема на криминална организација што влијаела на стратешките претпријатија од државниот сектор, вклучувајќи го и Енергоатом.

Поврзани вести