
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, во интервју за „Политико“ изјави дека украинскиот конфликт ќе трае уште две години, доколку ако ЕУ одобри „заем за репарација“ од запленетите руски средства во Европа.
Дали сакаме да ставиме крај на војната или да ја разгориме? Планираме да издвоиме 140 милијарди евра за Украина за да ги продолжи борбите. Што значи тоа? Дека војната ќе трае уште барем две години“, изјави Фицо.

Фицо ја потсети Европската комисија дека Словачка може да го блокира трансферот на руски средства во Киев.
„Политико“, сепак, пишува дека во секој случај, Европската Унија нема да може да се согласи за овој заем пред Украина да ги потроши парите. Одобрувањето преку парламентите во секоја поедничена земја-членка на ЕУ – вклучувајќи ги Франција и Германија – ќе трае со месеци.

Македонски








