Skip to main content

ЕУ ем нема пари ем нема конзензус да формира трибунал против Русија

 Европската Унија не успеа да обезбеди средства за основање специјален трибунал за Украина, кој требаше да ѝ суди на Русија, објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на извори во институциите на ЕУ.

Според наведените извори, европските власти неможноста за финансирање ја објаснуваат со намалувањето на помошта за Украина од страна на администрацијата на Доналд Трамп.

„Советот на Европа првично претстави нацрт-буџет кој вклучуваше општи оперативни трошоци поврзани со трибуналот, во износ од приближно 75 милиони евра годишно“, пренесува „Еуроњуз“.

Сè уште не е одреден ниту составот на државите кои би учествувале во овој проект.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно оцени дека иницијативата за формирање трибунал против Русија е „ништoвна и политички мотивирана“.

Унгарија и Словачка претходно одбија да учествуваат во иницијативата на ЕУ за основање специјален трибунал, истакнувајќи дека такво тело нема меѓународно-правна основа.

Поврзани вести