Skip to main content

Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има

– Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност.

– ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска  со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или однесувањето во рамките на владеењето на правото или однесувањето како добри домаќини кон средства коишто ни се дадени на помош е многу, многу важно. Строго треба да се санкционира злоупотребата. Не е првпат да се соочиме на феноменот на злоупотреба. Тоа не е добро. Значи одговорност мора да има, нагласи Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета на Општина Ресен

Поврзани вести