Skip to main content

До крајот на годината влез на нови компании во земјата и илјада вработувања

Фрипик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во крајот на годинава се очекува четири до пет компании да потпишат договори за отворање свои капацитети во земјава, каде би виле вработени околу илјада луѓе. Потенцираше дека Владата постојано работи на носење на нови инвеститори во земјата и оти Македонија е една од најконкурентните земји во Европа.

Ќе има компании кои се отвораат, ќе има компании кои се затвораат и домашни и странски и тоа не треба да се сваќа како нешто што е крај на светот. Ние како Влада се обидуваме и успешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании. Веќе имаме неколку што се во процес на завршување на преговори. Очекувам до крајот на годината, четири или пет такви компании веќе да потпишат договори со Владата така што очекувам нови над илјада работни места кои што ќе бидат резултат на овие потпишување. Апсолутно ќе се случуваат тие работи, ќе има нови компании, некои ќе се отвараат, некои ќе се затвараат, но ние како Влада сме тука да работиме за интересите на граѓаните и на државата и убеден сум дека со поддршката што ја даваме сме конкуретни. Би рекол дека сме едни од најконкуретните во Европа и тоа го покажуваме и со бројки и тоа го покажуваме и со дела, рече премиерот.

Мицкоски, кој денеска беше во посета на „Костал“ кој објави нов инвестициски циклус за следната 2026 година од 30 милиони евра и нови 200 работни места, кажа дека еден од доказите за нашата конкуретност е и оваа инвестиција.

Еден од тие такви докази е и оваа инвестиција која следната ќе ја прави „Костал“. Сепак оваа инвестиција од 30 милиони евра и 200 нови работни места, цел да имаме извоз над 300 милиони евра претставува нешто навистина импресивно и јас им честитам на тоа, а ние како Влада се ќе направиме за да привлечеме уште повеќе инвестиции од „Костал“ и од друг тип на компании, рече пртемиерот Мицкоски.

Поврзани вести