
Министерот Златко Перински, заедно со градоначалникот Љупче Почивалец, претставникот на Делегацијата на ЕУ, Александру Албу, и поранешниот градоначалник Ацо Ристов, денеска присуствуваа на завршната презентација на проектот „Зелена топлина“ во Општина Радовиш.
Проектот е реализиран преку Програмата „ЕУ за општините“, финансирана од Европската Унија, со кофинансирање од Министерството за локална самоуправа и Општина Радовиш. Вкупниот буџет изнесува 1.143.456 евра.
Во рамки на проектот, старите системи за затоплување во четири јавни објекти – основно училиште, градинка, средно училиште и општинската зграда – се заменети со енергетски ефикасни топлински пумпи, поврзани со фотоволтаични панели.
Проектот придонесува за намалување на загадувањето, поефикасно користење на енергијата и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните, особено на најмладите.

Македонски








