
– Македонскиот претставник во женска конкуренција Металург Автокоманда одигра нерешено 24:24 на првиот натпревар од 3.коло од ЕХФ Европскиот куп на гостувањето кај Сплит.
Македонските ракометарки подобро го почнаа натпреварот и кон средина на првиот дел имаа водство од 10:5, но домашните ракометарки со серија од 5:0 стигнаа до 10:10 и на полувреме беше 13:12 за Металург Автокоманда.
И во вториот дел повторно македонскиот тим имаше предност од три разлика во два наврати (23:20), но до крајот на дуелот Сплит со серија од 4:1 се избори за нерешен резултат со гол во последната секунда.
Најефикасна на дуелот беше Ана Фраделиќ со 10 голови, која го постигна и последниот гол, додека кај Металург Автокоманда Ана Марија Коларовска постигна 8 голови.
Реванш натпреварот се игра на 16.ноември во 15 часот во салата Автокоманда во Скопје.

Македонски







