
Кошаркарите на Работнички ја остварија четвртата победа во шампионатот откако попладнево во неизвесен дуел од 6.коло М-Тел Супер лигата го совладаа Чаир со 87:84. По двата пораза на стартот новата победа покажува знаци дека тимот на тренерот Владимир Мирковски влегува во ритам.
Неизвесен беше текот на последниот период, откако претходно Работнички имаше во вториот дел и двоцифрена предност. Сепак со упорна игра кошаркарите на Чаир на пет минути пред крајот на дуелот изедначија на 74:74. Во „пенал завршницата“ Мухамед Тачи реализираше едно од двете слободни фрлања и на четири секунди до крајот пропушти да изедначи. Џејкоб Хатсон потоа реализираше две слободни за конечен резултат, а воедно беше и најефикасен на дуелот со 31 поен.
Вечерва се игра дербито на колото во Битола меѓу Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром од 20 часот. На вчера одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: Гостивар – МКК Куманово 65:79, ТФТ – Ангели 67:57 и Тиквеш – Феникс 82:86.
Утре во Гевгелија играат: Кожув – Маџари.
Табела: ТФТ 12 бода, МКК Куманово 11, Пелистер 10, Работнички 10, МЗТ Скопје А. 8, Тиквеш 8, Кожув 8, Феникс 8, Гостивар 7, Ангели 7, Маџари 6, Чаир 6.

Македонски







