
Остатоци од човечко тело биле пронајдени во кавадаречкото село Сопот, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа – изјавиле од СВР Велес, пренесува МИА.

Македонски







