Skip to main content

Фудбалерите на Јагеилонија се среќни што не загубиле во Скопје

„Беше тежок натпревар бидејќи немаше многу чисти шанси. Неколку дојдоа кон крајот на играта, вклучувајќи и опасен шут од противничкиот напаѓач кој морав да го одбранам. Кога голманот нема многу работа, мора да бидете уште пофокусирани, бидејќи еден момент може да го одлучи исходот“, изјави голманот на полска Јагеилонија, Милош Пиекутовски, по синоќешниот натпреварот против Шкендија (1-1) во Скопје во рамки на третото коло од Конференциската лига.

Шкендија со голот на Љатифи дојде во водство во 49 минута кое го одржуваше до последните секунди од десетминутното судиско продолжение кога Лозано го постави конечниот резултат.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ привлече 2.400 гледачи, кои според голманот на Јагеилонија, им ја отежнувале задачата на полските фудбалери.

„Во врска со стадионот, мислам дека темпераментот на локалните навивачи игра голема улога. Македонија е позната по своите енергични луѓе – тоа можеше да се почувствува на трибините. Кога ја имавме топката под контрола, свирежите од трибините ни отежнуваа да се чувствуваме опуштено. Тоа не е изговор, се разбира, но атмосферата беше навистина жешка и емотивна“, додаде голманот на Јагеилонија