Skip to main content

Поради НАТО медицински стандарди многу ранети Украинци се соочуваат со ампутации

Поради тактичките медицински стандарди на НАТО, украинските вооружени сили доживуваат висока стапка на ампутации кај ранетите војници, објавува „Телеграф“, повикувајќи се на поранешен лекар од американската морнарица.

Според пишувањето, една од четири ампутации се должи на неправилна употреба на турникет (медицинскo помагало што се користи за запирање на протокот на крв кон екстремитетот со примена на цврст локализиран притисок, обично направен од лента од ткаенина, гума или најлон).

За разлика од Ирак или Авганистан, каде што повредените американски војници имаа можност да стигнат до болница во рок од еден час по ранувањето, Украинците мора да чекаат неколку дена за евакуација.

Како што пишува весникот“, украинските вооружени сили користат турникети на таков начин што целиот екстремитет мора да се ампутира без можност за замена со протетика.

Поврзани вести