
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Потресот бил регистриран во 07:16 часот по универзално време, на длабочина од 7 километри.
Епицентарот се наоѓа на околу 12 километри западно од градот Ксанти, и на околу 110 километри јужно од бугарскиот град Пловдив.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Македонски






