
На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж кој почина на лице место.
Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, соопшти МВР.

Македонски








