
Од украинскот парламент – Радата, информираат дека одлуката за мобилизација на жени во украинската војска ќе биде донесена итно, доколку се појави потреба, објави „Телеграф“.
Ова прашање постојано се разгледува“, вели членот на Комитетот за национална безбедност, одбрана и разузнавање Раде Здебски.

Како што пиува изданието, тој верува дека мажите треба да извршуваат главно борбени задачи, а жените треба да ги заменат на позиции кои не се поврзани со учество во борба.
Жените би замениле многу мажи. Постојат специјалности каде што жените би можеле да ги заменат мажите. И мажите би оделе во борба. Иако ова не е итно прашање во комитетот во моментов, тоа е постојано присутно. Ја следиме ситуацијата и кога ќе стане релевантно, брзо ќе донесеме одлуки“, вели Здебски за „Телеграф“.
Неодамна, шефот на Советот на резервниот состав на копнената армија на Украина, Иван Тимочко изјави дека жените не треба да „се кријат зад грбот на мажите“, туку да служат во армијата.

Македонски






