Skip to main content

Несреќа на Водно: Тешко повреден велосипедист

Вчера околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од Средно Водно кон Скопје, 44-годишниот В.Д. од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во приватна болница во Скопје, информираа од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести