Skip to main content

Тешко повредено 10-годишно девојче

На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Поврзани вести