
Ако некој ќе има среќа во љубовта во ноември, тоа е овенот! Додека другите хороскопски знаци ќе се соочуваат со проблеми и последици од ретроградниот Меркур, овој среќен хороскопски знак ќе добива внимание од обожаватели, неочекувани признанија и море од комплименти.
Кога започнува периодот на голема среќа и хармонија?
Поволниот период ќе почне на 4 ноември, кога Марс, планетата која владее со овенот, ќе влезе во стрелец и ќе отвори нови можности во социјалната сфера. Постојните врските ќе ги вратат возбудата и страста, а самците ќе доживеат наплив на самодоверба што, секако, ќе ја зголеми нивната привлечност за спротивниот пол.
Енергијата на планетите не само што ќе ја зголеми привлечноста на овните, туку и ќе ги мотивира да продолжат напред. Ќе им се појави желба за преземање иницијатива, и тоа не треба да се занемари. Важно е да ги надминете сите ваши стравови и отворено да ги изразите своите чувства – сега е времето кога шансите да ви бидат возвратени се особено големи.
Венера ќе влезе во скорпија
Овој астролошки настан ќе има најдлабоко влијание врз оние кои веќе се во врска – врската ќе добие длабочина, отворениот дијалог ќе се зголеми, а старата страст ќе се врати. Ова е идеално време за планирање романтични авантури – заеднички одмор, кратко викенд-патување или едноставно посетување настани што ве интересираат двајцата. По квалитетното време поминато заедно, разбирањето меѓу партнерите само ќе се зголеми.
Што ги очекува слободните овни?
Слободните овни може неочекувано да се најдат вовлечени во романса, која ќе се развие исклучително брзо. Постои шанса за случајна средба, која многу лесно би можела да доведе до нешто посериозно.
Веројатно ќе добивате и многу комплименти и пофалби, дури и од оние кои никогаш не сте ги сметале за обожаватели. Не донесувајте пребрзи заклучоци – само уживајте во моментот.
Единствената мана месецов е што ретроградниот Меркур би можел да врати поранешни партнери во вашиот живот. Пораките доцна навечер и случајните средби се многу веројатни, но ни тоа нема да ве разниша. Вашето внимание ќе го преокупираат нови додворувачи. Одбегнувајте го оживувањето на старите чувства до крајот на овој период – кога планетата ќе тргне напред, сите вистински мотиви ќе бидат разоткриени.

Македонски








