Skip to main content

Публиката во МНТ синоќа на нозе и со долг аплауз ја испрати целата екипа од претставата „Бог на колежот“

Премиерата на претставата „Бог на колежот“ по текстот на француската драмска писателка Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска синоќа се одигра во преполната сала на МНТ, а Ѓорѓи Јолевски, Симеон Мони Дамевски, Дарја Ризова и Наталија Теодосиева добиваа аплаузи во текот на претставата.

Претставата е жесток коментар на стварноста во која живееме, каде врсничкото насилство меѓу младите е одраз на односите во семејствата, нивниот лажен морал, насилни пориви, амбиции и робување на општествените норми.

Врсничкото насилство како огледало на односите во современите семејства, е темата на претставата „ Бог на масакрот“. Во фокусот на дејствието се два пара родители што се среќаваат по тепачка меѓу нивните синови. Но, куртоазната средба на родителите градира од меѓусебни обвинувања до целосна ескалација, доловувајќи го нивниот лажен морал, насилно однесување, брачни проблеми, амбиции и робување на општествените норми

Татјана Христоска е сценограф, Наталија Терзија – костимограф, музичкиот избор го направи Весна Петрушевска, а се користи и нумерата на Игор Џамбазов „ Пепел и мрак“, што е всушност препеана верзија на руската песна „ Темна е ноќта“ во изведба на Марк Бернес.

„ Бог на колежот“ , е работена како копродукција меѓу МНТ и продукцијата „Студио 70“ , на Весна Петрушевска.

Публиката во МНТ синоќа на нозе ја испрати целата екипа со долг аплауз.

Поврзани вести