
Макалото со својата уникатна комбинација на вкусови и текстури, е симбол на македонската традиционална кујна и совршен избор за секоја трпеза.
Состојки:
- 300 грама грав
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 3 сушени црвени пиперки
- 100 мл масло
- сол по вкус
Подготовка:
Исчистете и исецкајте две чешниња лук и додадете сол. Земете толчник и изгмечете го кромидот и посолете. Гравот го вариме заедно со суви пиперки и кромид. Кога ќе се свари, ги вадиме пиперките и ги додаваме на изгмечениот кромид.Сварените суви пиперки ги лупиме со лажица и ги толчиме. Гравот го цедиме за да нема вода во него и го додаваме на изгмечените пиперки. Го толчиме и гравот. Ставете го маслото да се загрее и потоа испржете го макалото. Брзо промешајте додека маслото е врело за да се соедини со гравот.

Македонски








