
Во Галеријата „Метаноја“ во Скопје, во петокот, на 24 октомври се одржа промоција на ATHANATIK — списание посветено на фантастиката во книжевноста и уметноста.
Главна уредничка на списанието е Маријана Териќ (Црна Гора), а уредничкиот тим од Македонија го сочинуваат академик Влада Урошевиќ и професорката Лидија Капушевска – Дракулевска.
ATHANATIK е ретка и драгоцена публикација на регионалната сцена, која овозможува простор и видливост за тековите на современата фантастика, хорор, научна и епска фантастика. Списанието ги отвора вратите до фантастични настани и суштества од класичната митологија, народните преданија, бајките и еповите, водејќи го читателот низ мистични предели и чудесни светови, откривајќи му простори на слобода и бескрајна имагинација.

Македонски








