
Кошаркарите на Работнички го добија дербито на 4.коло на „М-Тел“ Супер лигата откако вечерва во Гевгелија го совладаа Кожув со 86:81. Домашниот тим имаше предност во најголемиот дел од натпреварот, но последната четвртина беше пресудна која „центарци“ ја добија со 25:12. Ова беше втора победа за избраниците на тренерот Владимир Мирковски.
Од денешната програма од оваа рунда со максимален ефект продолжуваат екипите на ТФТ и на МКК Куманово. ТФТ по голема бора во „градското дерби“ го совлада Маџари со 79:76, додека МКК Куманово беше убедлив против Ангели и славеше со 109:67.
Во тек е дуелот во Битола меѓу Пелистер и Феникс.
На вчера одиграниот дуел Тиквеш го совлада Чаир по продолжение со 92:83.
Утре се игра последниот дуел од оваа рунда меѓу Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 18 часот.

Македонски








