
Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал постигна победа од 1:0 во дуелот од 9.коло против Кристал Палас. Со новите три бодови „топџиите“ ја зголемија предноста на табелата особено што Манчестер Сити попладнево беше поразен на гостувањето кај Астон Вила со 1:0.
Голот за победа на Арсенал во дуелот Кристал Палас го постигна поранешниот играч на овој клуб Еберечи Езе во 39.минута. Мети Кеш беше стрелец на единствениот гол на дуелот во Бирмингем за Астон Вила против Манчестер Сити.

Македонски








