Skip to main content

Саша Ковачевиќ „рипна во тавче“: Клекна на колено и извади прстен за неговата девојка Зоранa

Пејачот Саша Ковачевиќ вчера откри преку својот официјален профил на Инстаграм дека се свршил со својата партнерка Зорана Тасовац.

По речиси 10 години љубов, еден од најпопуларните пејачи во регионот, Саша Ковачевиќ, реши да стави крај на својот ергенски живот.

Видеото што го сподели на својот профил прикажува различни моменти од животот на неговата партнерка, како и нејзината ќерка, а еден момент покажува и како изгледала свршувачката.

„Моја си денес, моја си утре“, се вели во описот на објавата, а оваа реченица е и стих од неговата неодамна објавена песна „Ромео“.

Покрај обожавателите, во коментирати се јавија и бројни колеги и пријатели на популарниот пејач. Меѓу нив се Наташа Беквалац, Јелена Томашевиќ, Адил Максутовиќ и Милица Тодоровиќ.

Во егзотична и романтична атмосфера, пејачот одлучи да ѝ предложи брак на убавата Зорана клекнувајќи на едно колено.

Да потсетиме дека во мај годинава, Ковачевиќ откри дека планира да се ожени со Зоран, со која е во врска долги години.