Skip to main content

Прв триумф на Шкендија во Конференциската лига

Фудбалерите на Шкендија остварија победа од 1:0 на вечерашниот дуел од УЕФА Конференциската лига против Шелбурн. Ова беше дуел од втората рунда во ова натпреварување.

Во првиот дел двете екипи беа внимателни без поголеми шанси за промена на резултатот. Нешто по активно се играше на почетокот од вториот дел, но завршницата беше мирна, до судиското надополнување.

И кога сите очекуваа натпревар без победник во екстра времето по еден корнер и шутот на Роналдо Вебстер, сопствената мрежа ја затресе Патрик Берет и така Шкендија стигна до победа од 1:0 и историски триумф.

Следниот натпревар Шкендија го игра на домашен терен против полската екипа Јагелонија на 6.ноември.

Поврзани вести