Skip to main content
7YtXxC2lRkg

Собранието ќе разреши пет члена на Судскиот совет: Премиерот Мицкоски најави мерки по празниците

Празниците ќе бидат последните денови во Судскиот совет за дел од членовите. На почетокот на следната година, извесно е дека во Собранието ќе биде покрената постапка за интерпелација за членовите во највисокото судско тело кои се избрани од пратениците. Такви членови во Советот се петорица – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Иливска. Премиерот Христијан Мицкоски откри дека за тоа размислуваат откако не беше изгласан годишниот извештај за сработеното во Судски.

Ние размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период, рече премиерот Мицкоски.

За македонските граѓани да ја добијат правдатата, според премиерот, не се доволни само полициските акции. Според Мицкоски, во борбата против криминалот и корупцијата мора да се вклучат и другите институција и законите да важат подеднакво за сите.

Собранието не го усвои извештајот за работењето на Судскиот совет на 3-ти октромври тоа може да биде основ за разрешување на оние членови на Советот кои се избрани од пратениците.

На Мустафа секако мандатот му устекува овој месец, а на негово место седнува Аритон Ала, кој беше избран заедно со судијката Данка Ристова која доби најмногу гласови за да ја замени досегашниот член Лорета Георгиева.

Од собранието избрани се и Тања Чачарова Илиевска, како и Павлина Црвенкоска – поранешната претседателка која си поднесе оставка поради притисоци од судско-бизнис елитата. На предлог на екс претседателот Пендаровски како „истакнати правници“ Собранието во 2019 –та ги избра Весна Дамева и Селим Адеми.

Поврзани вести