Skip to main content

Орбан: Нема да умреме за Украина, ниту ќе ги праќаме нашите деца во кланица по наредба од Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во објава на социјалните мрежи изјави дека граѓаните на неговата земја нема да ги слушаат наредбите на Брисел ниту ќе умрат за Украина.

Најавувајќи го своето јавно обраќање денес, Орбан ја нарече Украина кланица.

Дојде денот на Будимпештанскиот марш на мирот. Денес испраќаме порака до целиот свет: Унгарија вели НЕ на војната! Нема да умреме за Украина. Нема да ги праќаме нашите деца во кланица по наредба на Брисел, рече Орбан на социјалната мрежа X.

Соопштението на унгарскиот премиер доаѓа на денес, кога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го откажал планираниот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, велејќи дека не верува оти разговорите ќе ги дадат посакуваните резултати.

Поврзани вести