
Вчера Прилеп покажа што значи демократска зрелост и фер политичка култура. Изборите беа успешно, мирно и достоинствено одржани, вистинска победа за сите нас, истакна Борче Јовчески, досегашен градоначалник на Прилеп.
Граѓаните јасно ја изразија својата волја и го направија својот вистински избор. Искрено му честитам на новиот градоначалник Дејан Проданоски и на огромното мнозинство во Советот предводено од д-р Билјана Кржеска. Познавајќи ги, јас сум убеден дека Прилеп ќе продолжи во вистинскиот правец што заедно го трасиравме во изминатиот период, истакна тој.
Јовчески порача дека градот заслужува континуитет, чесна работа и уште многу нови проекти што ќе ја направат општината уште подобро место за живеење.