Skip to main content

Сабонис помладиот го пропушта стартот на НБА лигата

Центарот на Сакраменто кингс, Домантас Сабонис, ќе ги пропушти првите два натпревара од сезоната 2025/26 на НБА-лигата поради истегнување на тетивата, објави клубот од Калифорнија.

Дваесет и деветгодишниот Литванец пропушти два подготвителни натпревара, против Клиперс (91:109) и Лејкерс (116:117).

На 23 октомври, Сакраменто ќе игра против Финикс во својот прв натпревар од новата сезона.

Сабонис мината сезона имаше просек од 19,1 поен, 13,9 скока и шест асистенции во 70 натпревари