
Во соработка со ФЛУ – Скопје, а по повод одржувањето на самостојна изложба изложба на Ибрахим Махама во Музејот на современата уметност – Скопје, со голем интерес и внимание беа проследени предавањето и уметничкиот говор [artist talk] на уметникот Ибрахим Махама (Гана).
Вклучувајќи се во активна дискусија, студентите од сите студиски години на Факултетот за ликовни уметности и пошироката публика имаа можност да проследат темелно и ангажирано обраќање, енергично и аргументативно водење низ неговата уметничка пракса.