Бангладеш испрати официјално барање до Индија за екстрадиција на соборената премиерка Шеик Хасина, која побегна во Њу Делхи во август поради протестите предводени од студентите кои ставија крај на нејзиното владеење, соопштија властите во Бангладеш.
Тухид Хусеин, државен советник за надворешни работи, изјави дека Бангладеш испратил дипломатска нота до индиското Министерство за надворешни работи за екстрадиција на Хасина.
Ја известивме Индија за нашето барање да ја вратиме (Хасина) на судење“, рече Хусеин.
Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека го примило барањето на Бангладеш, но не даде повеќе детали.
Хасина побегна во Индија откако беше симната од власт во масовниот бунт во август, во кој загинаа стотици демонстранти, а илјадници беа повредени.
Меѓународниот кривичен суд со седиште во Дака веќе издаде налози за апсење на Хасина и нејзините блиски соработници, а владата побара помош од меѓународната полициска организација Интерпол за да ја уапси.