Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Заокружи 9 за Јорданов, за реконструкција на улици и водоводна мрежа, изградба на ученички дом, дом за стари лица

Иван Јорданов е вистинскиот избор за градоначалник на општина Штип и во следните 4 години. Јорданов со својата работа, посветено и одговорно работење докажа дека Штип може и мора да се развие во модерна, европска и урбана општина. Изминатите 4 години, Јорданов успеа да реализира голем број на проекти, од реконструкција на улици и локални патишта, изграден булеварот Партизанска, изградени мултифункционални паркови и спортски центри, реконструирани училишни сали, изградени обиколници, изграден резервоар за вода и многу проекти за штипјани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За да продолжи Штип да се развива и да се гради во иднина, потребна е масовна излезност и поддршка за Иван Јорданов на 19 октомври со заокружување на бројот 9. Приоритетни проекти за следните 4 години на коишто се обврзува Јорданов е изградба на најголемиот и најмодерен спа-центар во Македонија во непосредна близина на бањата Кежовица. Истиот ќе биде препознатлив по исклучително лековитата вода, а со тоа Штип ќе се впише на мапата на градови со развиен бањски туризам. Потоа, Универзитетски клинички центар Штип. Општина Штип ќе ги создаде сите потребни просторни, правни, урбанистички и комунални услови за да се доизгради и пушти во употреба Клиничкиот центар во Штип, капитален проект на Владата на Македонија. Овој проект ќе значи одлични услови за медицинска нега на нашите сограѓани, пациенти, современи услови за работа на медицинскиот персонал и Медицинскиот факултет и нови работни места за граѓаните на Штип, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Се ветува нов објект за студентите на Универзитетот во Штип.

-Општина Штип ќе ги создаде сите потребни просторни, правни, урбанистички и комунални услови за да се испланира, изгради и пушти во употреба објект за студентски дом и просторни услови за Медицинскиот факултет при Универзитетот во Штип, капитален проект на Владата на Македонија. Реконструкција на водоводната, мрежа на улиците „Еврејска“ и „Питу Гули“. Водоводната линија на улиците „Еврејска“ и, Питу Гули“ е стара и дотраена претставува сериозен проблем за, жителите, поради честите дефекти и големите загуби на вода. Затоа ќе се замени целата инфраструктура за да се обезбеди стабилно и квалитетно водоснабдување. Изградба на Дом за стари лица. Со ова ќе се обезбеди сместување, помош и поддршка на повозрасните граѓани и тоа од страна на стручни лица. Пензионерите ќе добијат згрижување, исхрана, облека, здравствена заштита и други услуги во зависност од потребите на корисниците. Изградба на ученички дом. Во соработка со Министерството за образование и наука веќе се прават подготовки за оспособување на постоечките просторни капацитети, кои ќе бидат пренаменети во ученички дом. Со овој проект ќе се намалат трошоците на училиштата и родителите. Ги повикуваме граѓаните да го направат вистинскиот избор за вашето место и вашата иднина и да гласаат за Јорданов за градоначалник и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јорданов нуди визија, план и проекти за Штип и штипјани. Заокружи 9, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести