
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити со објава на својот Фејсбук профил соопшти дека ја прифатил поканата за дуел на ТВ21 но, како што посочува, неговиот противкандидат од Националната алијанса за интеграција Бујар Османи ја одбил.
-Прифатив покана за дуел на ТВ21. За жал, ме информираа дека Бујар Османи одбил. Затоа вечер од 21 часот ќе ме гледате во интервју на ТВ21. Но, повикот останува: Бујар, не се плаши. Охрабри се, напиша Меџити на неговиот фејсбук профил.