Skip to main content

Дуковски за Коцевски: Ова е најлошиот, најнепрофесионалниот обвинител во историјата на оваа тажна земја

Адвокатот Сашо Дуковски на социјалните мрежи директно му се обрати на првиот човек на Основното јавно обвинителство Љупчо Коцевски, за кого рече дека не е компетентен да биде прв обвинител.

Љупчо Коцевски!!!!Лејдис енд џентлмен!Тврдам!

Не сум ангажиран во предметот за Кочани така да, немам било што лично!

Реагирам како еснаф, бидејќи сум повеќе од длабоко уверен дека нашата еснафска организација, адвокатската комора на Македонија, ќе реагира, ултра млако или воопшто нема да реагира, на нападите кон еден адвокат-бранител и други бранители, во предметот Кочани!!!!

Сетете се само на предметот 27-ми Април кога не казни “истакнатиот правник“, Кацарска и како реагираше нашиот еснаф!!!

А треба, но за тоа во друга прилика!!!

Да се обидеш да тресеш глупости и да бараш бранител да не реагира на нешто што смета дека е, и е, негова должност во врска со клиентот и постапката е едноставно ПРАВНО НЕПИСМЕНО!!!!

Неколку пати излегуваше со правни небулози во врска со предметот Кочани, изнесуваше “детали“ од истрагата и постапката и тогаш беше, се океј а?

Сега ти смета кога бранител, адвокат ќе реагира законски за својот клиент и целата постапка, нели, м?

Па ќе реагираш со некави глупави барања и слично, до адвокатската комора!

Па еве, да прашам

Си слушнал некогаш за уставно загарантираното право на став и мислење, стручен став и мислење, особено во оваа фаза на постапката по обвинение стапено на правна сила, м? Не си слушнал, тврдам!

Си слушнал некогаш што е функцијата на бранител во постапката, иако си бил адвокат, м?

Си слушнал дека обвинителството на кое ти си прв човек (многу лошо) е само една од странките во постапката и ништо повеќе, м? Сигурно не!

Си слушнал за право на искажување на свој професионален став и стручно мислење, или секогаш си мислиш дека вие како обвинители сте нешто повеќе од обични странки во постапката, мислам, како што сте си навикнати до сега и ти со ова тоа се обидуваш повторно да го промовираш? Срам да ти е како правник, голема срамота!

Мислиш ли дека само со подигање на обвинение си ја завршил работата како странка во постапката, м, иако ти ни едно дејствие не си превземал туку имаше тим од обвинители и секогаш истапуваше и читаше, само како неписмен портпарол читајќи подготвени соопштенија?

До кога мислиш да ја толерираш праксата да ако бранителите бараат присаство на сослушување на некој важен сведок или вештачење во истрагата, тоа да го игнорираш а тука ќе пишуваш глупи соопштенија и барања?

Дали во животот си напишал обвинение и си застапувал, твое напишано обвинение пред суд, м?

Никој од адвокатите ниту ти се плаши ниту имаш било какво право да пишуваш вакви глупости, какви пишуваш до адвокатската комора.

Поврзани вести