Skip to main content

Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид е добитник на престижната награда за Најдобар словенски локалитет

Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид е добитник на престижната награда за Најдобар словенски локалитет во рамките на наградата „Жива“ 2025. На свечена церемонија која се одржа во Културниот центар во Требиње, Република Српска, наградата која веќе единаесет години ја доделува Меѓународната фондација Форум на словенски култури ја прими директорот Горан Патчев во придружба на колегата Сашо Блажески.

Оваа награда е признание за напорите во заштитата и толкувањето на огромниот културен пејзаж околу езерото, кој претставува единствен пример за интеракција меѓу природата и човечката активност, се вели во во образложението на жирито за наградата.

Добитник на наградата за најдобар словенски музеј оваа година е Хрватскиот музеј за природна историја, Загреб, Хрватска.

Наградата Жива за најдобар словенски музеј и најдобар словенски локалитет на Меѓународната фондација Форум на словенски култури е именувана по словенската божица Жива, која симболизира живот, виталност и плодност. Таа е единствена културна платформа која ја поттикнува соработката и вмрежувањето на музејските институции од словенските земји, ја потврдува разновидноста на културното наследство, укажува на заедничките корени, но и на специфичните вредности на словенскиот свет. Денес, мрежата на Форумот на словенски култури опфаќа речиси 250 музеи и локалитети низ 13 словенски земји.

Поврзани вести